Дома Фудбал Maнчестер јунајтед го договори капитенот на Белгија за 41 милион евра!

Maнчестер јунајтед го договори капитенот на Белгија за 41 милион евра!

Манчестер Јунајтед денеска го заврши договорот за првото големо засилување за летниот трансфер период, бидејќи нов член на ѓаволите ќе стане Јури Тилеманс.

Ексклузивната вест ја објави новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн, а подоцна ја потврди и Фабрицио Романо со своето “here we go”.

Агентите на Тилеманс постигнаа договор за трансферот на фудбалерот од Астон Вила на Олд Трафорд, при што Јунајтед ќе плати обештетување од 41 милион евра.

Тилеманс стана дел од Астон Вила во летото 2023 година, каде што беше еден од клучните играчи на тимот од Бирмингем. Претходно, играше и за Монако и Андерлехт.

Инаку, тој е и капитен на репрезентацијата на Белгија, која неодамна го заврши своето учество на Светското првенство во четвртфиналето, со пораз од Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Објавени се петте клуба што ќе се натпреваруваат за “Клуб на годината”

Официјално се објавени номинациите за петте клуба што ќе бидат во трка за престижната нагр…