Жозе Мурињо не е задоволен од резултатите на неговиот тим, па сигурно ќе биде активен на трансфер пазарот и оваа зима, а приоритет ќе му бидат засилувања во одбраната.
Италијанските медиуми пренесуват дека прва трансфер цел на Португалецот ќе биде десниот бек на Наполи и албански репрезентативец, Елсеид Хисај.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Десниот бек на Наполи игра одлично веќе неколку сезони, а Мурињо е сигурен дека може да му донесе стабилност во одбраната, па спреми 30 милиони евра за неговиот потпис.
Албанециот во Наполи пристигна во 2015 година од Емполи за 5 милиони евра, но се промовираше како еден од најдобриет десни бекови во Серија А.
Хисај неодамна го продолжи договорот со Наполи па италијанскиот клуб не сака да го продаде за сума помала од 30 милони евра, но Мурињо наводно е спремен да ја плати таа сума.