
Челси влегува во сосема нова ера откако е донесена конечната одлука за промена на тренерската позиција. Лондонскиот клуб сака нов почеток и човек кој ќе донесе стабилност во екипата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По заминувањето на Лиам Росениор од клупата на Челси, управата веднаш започна потрага за големо име.
Изборот падна на Хаби Алонсо, тренер кој последниве години стекна огромна почит низ цела Европа поради својот начин на работа.
Според информациите од Англија, Алонсо дал зелено светло за доаѓање во Лондон. Со тоа преговорите меѓу двете страни добија дополнителен замав.
Контактите со неговите претставници веќе траат, а во Челси веруваат дека е прашање на време кога соработката ќе биде официјално потврдена.