Бурни реакции во јавноста предизвика вчерашната нова казна за Јувентус откако на „старата дама“ и беа одземени десет бодови, а се огласи и Жозе Мурињо.
Сезонава на Јувентус му беа прво одземени 15 бодови, па тие му се вратија, за сега пред крајот на сезоната да им се одземат десет. За стратегот на Рома ваквите одлуки го прават првенството нерегуларно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мислев дека е шега, ова се смешно што казната доаѓа на две кола пред крајот на сезоната. Сигурно дека нашиот пристап ќе беше поинаков ако ова го знаевме пред натпреварите со Монца и Болоња. Жал ми е за Алегри и неговите фудбалери, ова е нешто што ја менува цела сезона.
„Не би сакал повеќе да зборувам на оваа тема. Секогаш е лошо кога тренерите и фудбалерите плаќаат за грешките што ги прават директорите на клубовите“, изјави Мурињо.
Вчерашниот ден за Јувентус беше исклучително лош, затоа што по казната која стигна пред мечот со Емполи „старата дама“ доживеа и убедлив пораз во оваа средба од 4:1.