Кинезите немаат намера да се откажат.
Богатите сопственици на Милан разговараат за промена на Монтела, доколку загуби од Рома или во миланското дерби, но, дури и да остане оваа сезона на клупата, изгледа дека само ќе се одложи веќе донесената одлука. Затоа што, можеби и Валтер Мацари да седне на клупата, но само до лето, кога Милан ќе се обиде да го доведе Антонио Конте кој призна дека го мачи носталгијата, или што е пореално, да го вратат Карло Анчелоти.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Поранешниот тренер на „Росонерите“ има проблеми во Баерн, се споменува Кина, меѓутоа тоа го отфрли како можност. Пред неколку години не сакаше да се врати, тогаш ја наведе операцијата на грбот и желбата да се одмори како причина, но се шпекулираше дека не верува во сериозноста на Берлускони. Кинезите, како и директорите Фасоне и Мирабели тврдат дека ќе вложат уште пари, дури и ако не се пласираат во ЛШ, па тоа би можело да привлече големо тренерско име на клупата.
Покрај тоа, Конте или Анчелоти би добиле одврзани раце, што особено го импресионира Конте, кој во Челзи се соочи со истите проблеми како во Јувентус, не имаше влијание на доведувањето на играчи. Поради тоа, можеби Монтела ќе си замине од клупата, но изгледа дека во клубот сметаат дека тој не е тренер за големи дела.