Македонија со убедлив пораз (29-39) од Франција ги започна настапите на Европското првенство.
Иако голманот Никола Митревски беше расположен, сепак Франција се покажа како пресилна за нашата репрезентација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Таа е разликата меѓу Франција и Македонија, не е исто, тие играат врвни натпревари во ритам среда-сабота, а ние немаме такви работи. Треба многу да работиме за до некаде да го стигнеме нивното ниво. Ќе остане малку горчина, не затоа што загубивме со десет гола разлика, туку да бевме поконцентрирани и да го немавме нашиот менталитет ќе завршеше со 5-6 гола разлика“, изјави Митревски.
„Задоволен сум како одигравме во првото полувреме и со каков резултат заминавме на пауза. Видов многу позитивни работи на овој меч, но Франција е Франција буквално секоја наша грешка ја искористи. Поразот беше очекуван и од него ќе излеземе поискусни“, изјави Кузмановски.