Дома Македонски спорт Мак ракомет ЕХФ покажа доверба и во уште една македонска судиска двојка – големото дерби за Тодоровски и Митревски!

ЕХФ покажа доверба и во уште една македонска судиска двојка – големото дерби за Тодоровски и Митревски!

Оваа недела на програмата е Супер Глоуб турнирот, па поради тоа нема да се играат натпревари во ракометната Лига на шампионите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во ракометната европска елита возбудувањата ќе продолжат наредната среда, а големо дерби ќе се игра во четвртото коло во кое ќе се сретнат минатогодишните финалисти Барселона и Алборг.

ЕХФ одлучи довербата за ова дерби да ја даде на македонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Битолските судии ќе имаат голем предизвик бидејќи дуелите помеѓу Барселона и Алборг често пати знаеле да бидат возбудливи и неизвесни.

Така беше и во финалето во Келн во кое Барселона победи со 31:30. Натпреварот е закажан за во четврток (10 октомври) со почеток од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Целје падна по пенал драма, Охрид ќе игра за европска титула!

Ракометарите на Охрид испишаа историја откако по подобро изведување на пенали (4-3), по не…