Дома Фудбал Флик го отпиша без милост од Барселона, а сега прави спектакуларен трансфер во Бундеслигата

Флик го отпиша без милост од Барселона, а сега прави спектакуларен трансфер во Бундеслигата

Хектор Форт е пред можен замин од Барселона, а кариерата може да ја продолжи во германската Бундеслига.

За младиот десен бек е заинтересиран Борусија Дортмунд, кој веќе направи први чекори кон реализација на потенцијалниот трансфер.

Информацијата ја објави реномираниот новинар Флориан Плетенберг, кој кажува дека клубот од Дортмунд испитува можностите за доведување на 20-годишниот фудбалер.

Според неговите информации, веќе се одржале разговори за потенцијалниот трансфер, а Дортмунд е целосно запознаен со ситуацијата околу младиот Шпанец.

Форт се наоѓа во ситуација во која треба да размисли за промена на средина ако сака континуитет и поголема улога на сениорско ниво.

Ханси Флик го отпиша од своите планови во Барселона, поради што неговата иднина на Камп Ноу стана многу неизвесна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потресно признание на млад фудбалер: „Таа беше љубовта на мојот живот, не сакам да продолжам со животот…“

Младиот фудбалер на Ајакс, Марк Веркајл, за прв пат јавно проговори за најголемата трагеди…