Дома Фудбал Италија Мино Раиола отпуштен од болница

Мино Раиола отпуштен од болница

Фудбалскиот менаџер, Мино Раиола денес бил отпуштен од болница во Милано, соопштија италијанските медиуми.

Според „Билд“ вчера Раиола итно бил примен во интензивното оделение на клиниката „Сан Рафаело“ поради белодробни проблеми, а весникот извести дека е во тешка состојба.

54-годишниот менаџер по втор пат беше задржан во болницата во период од десетина дена, но медиумите во Италија пренесуваат дека ситуацијата е стабилна и денес бил отпуштен од болница.

„Билд“ истакна дека поради нарушеното здравје на Раиола била одложена и средбата помеѓу него и раководството на Борусија Дортмундм на која требало да се одлучува за иднината на Ерлинг Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Поуката за Ријера: Звезда порано знаеше како се чува резултат

Црвено-белите повторно платија за премногу отворен пристап, а според споредбите од Србија,…