Дома Трансфер зона Милан решен да донесе балкански стопер, сега има нова мета

Милан решен да донесе балкански стопер, сега има нова мета

Директорот на Милан, Паоло Малдини потврди дека клубот работи на засилување на одбраната.

Прва мета на „росонерите“ е Никола Миленковиќ од Фиорентина, но двата клуба никако не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.

Милан е спремен да плати 27 милиони евра за српскиот стопер, додека Фиорентина бара најмалку 35 милиони евра за слободата на Миленковиќ.

Поради тоа „росонерите“ се ориентираат на други мети, а најновото име на списокот е Матија Настасиќ од Шалке.

Како опција се споменува и Никола Миленковиќ од Наполи, а интересно е што сите тројца фудбалери имаат ист агент, Фали Рамадани.

Малдини денес ќе има состанок со Рамадани во Милано, и ќе разговара за трансферот на Настасиќ, пренесуваат италијанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дибала во јануари се сели во Премиер лигата

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала е во трансфер списокот на Челзи, пренесува „Тутоспорт“…