Дома Фудбал Германија Машинеријата на Баерн не запира, Борусија до победа и без Халанд 🎥

Машинеријата на Баерн не запира, Борусија до победа и без Халанд 🎥

Фудбалерите на Баерн денес без поголеми проблеми го победија Хофенхајм со 4:0.

Баварците под водство на Нагелсман станаа вистинска машинерија. Гнабри го отвори резултатот, потоа погодо Левандовски, а на 3:0 зголеми Чупо Мотинг во 82. минута. Набрзо по овој гол се поништи погодок на Толисо, но само неколку минути подоцна Коман ги постави конечните 4:0.

Борујсија Дортмунд гостуваше во Биефилд, па и без Ерлинг Халанд дојде до победа од 3:1. Овој дуел беше обележан со одличниот гол на Хумелс, погодија уште Чан и Белингам, додека за домаќините стрелец беше Клос од пенал.

Во останатите два натпревари Лајпциг немаше проблеми со Фурт, додека Волфсбург на домашен терен претрпе пораз од Фрајбург со 0:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Фудбалерот кој го испровоцира црвениот картон на Нуњез добивал закани по живот

Дарвин Нуњез нема по добро да го памети мечот против Кристал Палас, откако доби црвен карт…