Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед најави поинаква сезона: Челзи потопен на „Олд Трафорд“! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед најави поинаква сезона: Челзи потопен на „Олд Трафорд“! (ВИДЕО)

Денес беше одиграно дербито во Премиер лигата помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед одигра одличен натпревар и на крајот запиша висока победа од 4:0 против тимот на Лампард.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челзи добро го започна натпреварот и уште во третата минута Абрахам ја погоди стативата од голот на Де Геа. Меѓутоа потоа Јунајтед ја превзема контролата и во 18-тата минута преку Рашфорд од пенал стигна до предност.

Додека Јунајтед ја имаше контролата Челзи знаеше да се закани преку контри и преку една таква контра во финишот од првото полувреме Емерсон ја погоди пречката. Во првите 45 минути голот на Рашфорд беше единствен кој го видовме.

Во второто „сините“ како да останаа без сили за нешто повеќе и Јунајтед како што одминуваше времето се повеќе доминираше. Марсија во 65-тата зголеми на 2:0, а само две минути подоцна Рашфорд со својот втор гол на натпреварот носи предност од 3:0.

На десетина минути пред крајот Џејмс после асистенцијата на Погба ги постави конечните 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи го наградува Палмер со нов договор

Младиот Кол Палмер блеска оваа сезона во дресот на Челзи и се етаблираше во еден од најдоб…