Манчестер Сити не дозволи изненандување во Лигата на шампионите откако вечерва со 3:1 ја совлада Црвена Звезда.
Доминираше Манчестер Сити од самиот почеток, се редеа шанси пред голот на српскиот тим, но реализацијата изостануваше. Вистински шок следуваше на „Етихад“ пред крајот на првиот дел кога Букари од првиот удар на Звезда кон голот на Сити погоди за 0:1. Претходно Манчестер Сити упати 22 удари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, водството на Звезда не издржа долго, само што започна вториот дел Алварез во 47. минута по асистенција од Халанд израмни на 1:1. Голот за предност на Сити дојде по 60 минути игра, а повторно стрелец беше Алварез.
Дилемите околу победникот беа решени во 73. минута кога Родри ги постави конечните 3:1.
Во останатите натпревари, Барселона против Антверп беше убедлива со 5:0, Фејенорд го совлада Селтик со 2:0, ПСЖ беше подобар од Борусија со 2:0, Порто на гости кај Шахтјор славеше со 1:3. Додека Лацио и Атлетико одиграа 1:1.