Дома Трансфер зона Луис Енрике се огласи за иднината на Мбапе

Луис Енрике се огласи за иднината на Мбапе

Во текот на вчерашниот ден силно одекна вест дека Килијан Мбапе ја соопштил својата одлука за заминување од Париз на сопствениците на ПСЖ.

По таквите информации очекувано беше денес и Луис Енрике на прес-конференцијата пред натпреварот за викендот да добие прашање за Мбапе.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Немам било каква информација да ви кажам додека двете страни не излезат во јавност и објават се. Кога актерите ќе зборуваат на таа тема, тогаш ќе го кажам своето мислење. Сепак, како и секогаш што и да се случува клубот е над секого“, изјави Луис Енрике.

Килијан Мбапе веќе неколку години се поврзува со Реал Мадрид и ова лето изгледа дека конечно ќе биде моментот кога тој трансфер ќе се реализира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Борусија Дортмунд ослабена во реваншот против Атлетико Мадрид

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але ќе го пропушти реваншот од четвртфиналето …