Дома Трансфер зона Ливерпул го договори третото и најверојатно последно засилување

Ливерпул го договори третото и најверојатно последно засилување

Ливерпул го договори третото летно засилување, а станува збор за десниот бек на Абердин, Калвин Рамзи, кој треба да биде алтернатива за Александар Арнолд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените“ за 18-годишниот десен бек ќе платат 4,5 милиони фунти плус 3 милиони во форма на бонуси.

Рамзи минатата сезона беше избран за најдобар млад фудбалер на Шкотска и во следните 24 часа треба да го комплетира трансферот во Ливерпул, така што ќе потпише 5-годишен договор.

Тој ќе биде третото засилување за Ливерпул ова лето, после Фабио Карваљо и Дарвин Нуњес. Според англиските медиуми тоа ќе биде и последно засилување за „црвените“.

Клоп е заинтересиран и за младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џуди Белингам, но тој трансфер е тежок за реализација бидејќи германскиот клуб сака да го задржи уште една сезона, а Реал е спремен да плати 90 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…