Дома Фудбал Англија Лампард без влакна на јазикот го откри виновникот за поразот од Ливерпул

Лампард без влакна на јазикот го откри виновникот за поразот од Ливерпул

Екипата на Челси синоќа во дерби натпреварот од 2. коло во ПЛ беше поразена од актуелниот шампион Ливерпул со 0:2.

Во првото полувреме Челси беше достоен противник и не му дозволи на Ливерпул да создаде премногу шанси, но во судиското продолжение тимот остана со играч помалку откако Кристенсен доби директен црвен картон.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа има даде мотив повеќе на гостите во вториот дел во кој тргнаа офанзивно и за десетина минути веќе имаа предност со 0:2.

Првиот гол на Мане беше постигнат после одлично креирана шанса од офанзивците на Црвените, додека вториот погодок беше подарок од голманот Кепа, а Мане немилосрдно го искористи.

После натпреварот Френк Лампард директно го посочи Кепа како најголем виновник за овој пораз.

„Грешката на Кепа многу не чинеше. Потоа имавме и пенал кој можевме да го реализиравме, но не успеавме. Тоа се нијансите кои ги одлучуваат големите натпревари. Кепа мора да продолжи да работи за да биде подобар, а ние треба да му дадеме поддршка.“ – изјави Френк после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…