Дома Фудбал Англија Лампард бара Вилијан да остане во Челзи

Лампард бара Вилијан да остане во Челзи

Тренерот на Челзи, Френк Лампард, посакува Вилијан да потпише нов договор и да остане на „Стенфорд Бриџ“.

Вилијан е во преговори со клубот. Тој разговара за условите за плата. Искусните играчи сигурно ќе ви помогнат кога имате млад тим. Сите во Челзи го сакаат Бразилецот. Тој е феноменален и јас сум навистина среќен што го имам во тимот“, истакна Лампард.

Договорот на 31-годишниот Бразилец истекува во лето и има многу понуди на маса, но и самиот истекна дека негов приоритет е останување во Челзи.

Проблем е што Челзи има правило на играчите над 30 години да им нуди едногодишен договор, а Вилијан бара договор на три години. Сепак, Лампард се надева дека двете страни ќе најдат заеднички јазик и апелира до раководството да го задржи Бразилецот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус ќе игра пред празни трибини и нема да им ги врати парите на навивачите

Како што е веќе познато, пет натпреари од италијанската Серија А кои се играат викендов ќе…