Францускиот напаѓач Александре Лаказет сака да ја напушти екипата на Арсенал во финишот од преодниот рок.
Со доаѓањето на Емери на менаџерската позиција, 27 годишниот напаѓач го изгуби стартното место бидејќи менаџерот преферира игра на еден напаѓач, а предност има Обамејанг.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лаказет е незадоволен со својот статус во екипата. Наводно побарал да замине во финишот од преодниот рок и лесно може да се случи Арсенал да остане без овој фудбалер во наредните денови.
Француските медиуми тврдат дека неколку клубови се заинтересирани и веќе контактирале со Топџиите и сакаат да го ангажираат Лаказет до петок, кога завршува преодниот рок.
Тие откриваат дека французинот би можел да се врати назад во Франција или евентуално Шпанија.
Арсенал не би сакале да го продадат Лаказет барем до јануари за да можат да донесат адекватна замена. Сепак, тој силно сака да замине, затоа што едноставно не сака да ја грее клупата.