Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Романија е добар тест за нас

Лазаров: Романија е добар тест за нас

Македонската ракометна репрезентација денеска во Скопје ги започна подготовките за двата пријателски натпревари против Романија, во рамките на ЕХФ неделата.

Селекторот Лазаров истакна дека Романија е вистински тест пред пресметката против Фарски Острови во баражот за пласман на Светското првенство 2025.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Ќе се обидеме максимално да ја искористиме оваа ракометна недела. Пред се, целта е оние играчи кои имаат помала минутажа да добијат шанса и да одиграат натпревари за добивање поголемо искуство за она што ни следи во блиска иднина и бараж дуелот за СП 2025 против Фарските острови“.

„Романија е квалитетна селекција. Има и промена на селекторот, и носат една нова енергија. Добро е што играме на гостински терен, за нашите млади момци малку повеќе се привикнуваат на играта на гости, затоа што првиот натпревар од квалификацискиот бараж против Фарските острови е на гости. Затоа како селектор барав за време на оваа ЕХФ надела да одиграме два натпревари на гостински терен“, истакна Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ФФМ и федерациите од регионот искажаа поддршка за Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различн…