Ждребот на Лигата на шампиони ни донесе интересни дуели во осминафиналето, а најинтересен е секако дуелот помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ.




Реал Мадрид првично ја доби Бенфика за противник, но на повторениот ждреб „кралевите“ го добија еден од најсилните тимови во турнирот.




Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Сепак, Тони Крос истакна дека Реал Мадрид не се плаши од францускиот тим и е оптимист во осминафиналето.
„Добивме интересен противник во следното коло, односно најтешкиот ривал, но ние играме за вакви натпревари и едвај чекаме да играме против ПСЖ. Ние сме Реал Мадрид и секогаш сакаме да се соочиме со најдобрите“.




„Нашата самодоверба е на високо ниво и наша цел е да се пласираме во следното коло. Во овој момент, наша цел е да продолжиме да играме добро и во домашното првенство, а кога ќе дојде време, ќе мислиме на ПСЖ“, истакна Тони Крос.