Дома Фудбал Италија Конте ги негираше контактите со Јувентус

Конте ги негираше контактите со Јувентус

Менаџерот на Интер, Антонио Конте ги негираше шпекулациите дека се обидува да се врати во Јувентус.

Интер остана зад Јувентус во борбата за Скудето, но мора да му се оддаде признание за играта и пласманот оваа сезона. Се повеќе се пишува за заминување на Конте поради лошите односи со раководството, а во исто време се пишува и дека Конте е подготвен да го наследи Сари на клупата на Старата дама.

Некои сметаат дека Конте дури и намерно влегува во расправија со челниците на Интер за да му дадат отказ и да се врати во Торино. Сепак, поранешниот селектор на Италија веднаш ги негираше шпекулациите во италијанската штампа.

„Во врска со пишувањата денеска во Repubblica.it, категорично негирам дека сум разговарал со некој од Јувентус и сум прашал дали ќе го отпуштат Сари. Посветен сум на тригодишниот проект на Интер и, како и до сега, напорно ќе работам да ги реализираме поставените цели.“ – порача Конте.

Откако остана без трофеј во Италија, единствената шанса за Конте е Лига Европа и во август Нероаѕурите ќе се обидат да го освојат трофејот иако имаат голема конкуренција на тој пат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Урнебесно: Иско во борба сам со себе да ја стигне топката 🎥

Иско е миленик на Зинедин Зидан и веројатно тоа е главната причина зошто е се уште член на…