
Враќањето на Доминик Ливаковиќ во Динамо последниве денови повторно е една од главните теми во хрватскиот фудбал, но целата приказна сега сериозно ја искомплицира – Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хрватскиот репрезентативен голман сè почесто се поврзува со каталонскиот великан, а во хрватските медиуми се појавија информации за сценарио според кое Барселона би го откупила Ливаковиќ од Фенербахче, а потоа би го испратила на едногодишна позајмица во Динамо.
Таква опција на прв поглед делува примамливо за сите страни. Ливаковиќ би добил минутажа и можност да се врати во познато окружување, додека Барселона би обезбедила искусен голман за иднината.