Дома Фудбал Јувентус во финишот од преодниот рок може да се засили со италијански голгетер

Јувентус во финишот од преодниот рок може да се засили со италијански голгетер

Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, сè уште се надева дека ќе донесе уште еден центарфорд пред да се затвори летниот трансфер прозорец, а според медиумските извештаи објавени во четвртокот, италијанскиот репрезентативец Матео Ретеги е еден од играчите што “старата дама” ги разгледува.

Јувентус ова лето веќе го засили тимот со двајца нови центарфорди, Рандал Коло Муани и Џеф Ехатор, но истовремено остана без Душан Влаховиќ, кој замина како слободен играч, додека Лоис Опенда беше даден на позајмица. Се очекува дека Џонатан Дејвид и Аркадиуш Милик нема да бидат дел од плановите на Спалети.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Заминувањето на канадскиот репрезентативец Дејвид е потребно пред Јувентус да може ова лето да донесе нова опција во нападот.

Неколку напаѓачки имиња беа поврзувани со трансфер на “Алијанц Стадион”, вклучувајќи ги Џошуа Зиркзеј од Манчестер Јунајтед и Александер Серлот од Атлетико Мадрид.

Тутоспорт наведува дека името на Ретеги повторно се појавило во разговорите на Јувентус. Тој веќе був во комбинација за време на претходните трансфер периоди, Спалети го познава многу добро од времето кога беше селектор на Италија, а високо го цени и спортскиот директор на Јувентус, Марко Отолини, кој го донесе Ретеги од Аргентина во Серија А летото 2023 година, додека работеше за Џенова.

Извештаите на Тутоспорт посочуваат дека Јувентус најверојатно би ја разгледал можноста за позајмица на Ретеги доколку тој изрази интерес за враќање во Серија А, со оглед на тоа дека заработува неверојатни 20 милиони евра по сезона и дека неговиот договор откако премина од Аталанта во Ал-Кадсија за 65 милиони евра минатото лето трае уште две години.

Убедувањето на Ретеги да се приклучи на Јувентус не би било голем проблем, но решавањето на неговата плата може да претставува поголема пречка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен потег: Сити му продава на големиот ривал двајца фудбалери за дури 151 милион евра

Европа зуе од трансферот кој никој не го очекуваше! Лондонскиот клуб направи потег кој би …