Дома Фудбал Скопје уште не може да игра во Автокоманда

Скопје уште не може да игра во Автокоманда

Скопје и Тиквеш ќе го одиграат утрешниот натпревар на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија.

Иако првично беше предвидено дуелот да се одржи на стадионот во Автокоманда, објектот сè уште не ги исполнува условите за одигрување натпревари од Првата лига.

Тоа значи дека навивачите на Скопје ќе мора да почекаат уште малку пред повторно да го гледаат својот тим во својата населба.

Натпреварот Скопје – Тиквеш е закажан за утре, петок, со почеток во 17 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шести гол во кариерата, а веќе ремек-дело: Фајад погоди со ножички за Хајдук!

Калил Фајад блесна со акробатски погодок и асистенција во ремито на Хајдук против Истра, п…