Дома Фудбал Судија брутално претепан на турнир во БиХ, објавена е и фотграфија – изгледа страшно!

Судија брутално претепан на турнир во БиХ, објавена е и фотграфија – изгледа страшно!

Бојан Макариќ, судија со искуство кое го собира и во Премиер лигата на Босна и Херцеговина како помошен судија, беше нападнат додека судеше на мал фудбалски турнир во селото Брезово Поле, близу Брчко.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На мал фудбалскиот турнир во местото Брезово Поле, кај Брчко, се случи сериозен конфликт. Судијата Бојан Макариќ од Бијељина, наводно, беше физички нападнат од незадоволен играч, кој со удар го повреди во главата. По инцидентот, Макариќ бил однесен на медицинска проверка.

Според достапните информации, еден од играчите изразил незадоволство и го нападнал судијата.

Порталот Правда БЛ објави фотографија (ТУКА) од судијата по инцидентот и предупреди дека содржината може да биде вознемирувачка за читателите.

Полицијата на Дистриктот Брчко БиХ потврди дека добила пријава на 18 август во 23:07 часот.

“До полицијата на Дистриктот Брчко БиХ беше пријавено дека играч удрил судија во главата за време на фудбалски турнир во селото Брезово Поле и дека потребно е известување на Службата за итна медицинска помош”, се вели во полициското соопштение.

Полициските службеници веднаш пристигнале на местото на настанот и започнале со собирање на информации.

Утврдено е дека пријателите на Макариќ го однеле во Бијељина за да добие медицински преглед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скопје уште не може да игра во Автокоманда

Скопје и Тиквеш ќе го одиграат утрешниот натпревар на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ …