Дома Фудбал Ливерпул испрати понуда до премиерлигашот вредна 58 милиони евра, следуваше експресен одговор!

Ливерпул испрати понуда до премиерлигашот вредна 58 милиони евра, следуваше експресен одговор!

Ливерпул направи конкретен потег на пазарот и испрати понуда вредна дури 58 милиони евра за фудбалер кој во последно време привлече големо внимание на Островот, а одговорот од спротивниот табор стигна експресно.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите на реномираниот новинар Дејвид Орнстејн, Брајтон ја одби понудата од Ливерпул вредна 58 милиони евра.

Се работи за Јанкуба Минтех, 22-годишен репрезентативец на Гамбија кој со своите настапи успеа да привлече внимание на многу клубови од врвот на англискиот фудбал.

Ливерпул очигледно смета дека Минтех поседува квалитети кои би можеле да му помогнат на највисоко ниво, поради што е подготвен да одвои сериозни средства за неговиот потпис.

Сепак, Брајтон засега нема намера да ја прифати понудата која стигна од Енфилд. Клубот од Амекс оцени дека понудените 58 милиони евра не се доволни за играчот кој го гледа како важен дел од нивните планови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер не завршува со Џонс како засилување, сакаат и крило на Арсенал!

Интер има за цел да остане на самото врв на Италија, но и напад на Лигата на шампионите, и…