Дома Фудбал Најголемиот трансфер во историјата на Реал: Ќе умрам за Мурињо

Најголемиот трансфер во историјата на Реал: Ќе умрам за Мурињо

Јан Диоманде, најголемиот трансфер во историјата на Реал вреден до 140 милиони евра, го даде своето прво интервју како фудбалер на Реал Мадрид. Во разговор за африканската спортска платформа СпортиТВ, играчот од Брегот на Слоновата Коскa зборуваше за доаѓањето во „кралскиот клуб”, односите со тренерот Жозе Мурињо и идолите кои му ја обликувале кариерата, пренесува AS:

Доаѓањето на Сантјаго Бернабеу за него е исполнување на момчешки соништа. “Ова е мојот нов дом. Среќен сум што сум тука и што сум дел од тимот. Долго време го чекав ова, сонот ми се оствари. Не сум бил на стадионот откако беше обновен и нестрплив сум да го постигнам мојот прв гол”, изјави Диомандe.

Неговиот живот за само 14 месеци драстично се промени, но амбициите останаа исти. “Сè уште сакам да бидам еден од најдобрите играчи во светот. Тоа ми е идеја од почетокот и никогаш не се смени. Затоа продолжувам да работам и да го следам мојот пат. Имам голема самодоверба, мораш да веруваш во себе. Сигурен сум во себе и работам на тоа”, порача тој.

На споменувањето на изјавата на Дрогба дека Мурињо е тренер за кој играчите сакаат да играат, Диомандe беше јасен. “Се разбира. Ако играш за Мурињо, подготвен си да умреш за него. Поради неговиот карактер, сите се подготвени да дадат сè од себе. Подготвени сме да умреме на терен за него.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го следи со месеци, Флик го сака во Барса: Штутгарт бара 40 милиони за Јелч

Фин Јелч е на радарот на Интер и Барселона, но Штутгарт поставува висока цена. Миланскиот …