Дома Фудбал Италија Конте: Во Барселона не се среќни што ќе играат против Интер

Конте: Во Барселона не се среќни што ќе играат против Интер

0

Утре почнува новата сезона во Лигата на шампиони, а Конте и неговиот Интер се спремни за новиот предизвик.

Интер утре го пречекува тимот на Спарта Прага, додека во оквирот на истата група „нероаѕурите“ ќе играат против Барселона и Борусија Дортмунд.

„Сакаме да ги направиме горди нашите навивачи, сакаме да играме возбудлив фудбал. Тешко е да се постават цели, ќе видиме понатаму. Најважно е да даваме 110% од себе и да не жалиме за тоа. Знам колку е тешко да се освои ЛШ и колку е болно да се загуби во финале“, изјави Конте.

„Тоа е натпеварување во кое еден детал може да промени се. Има многу фактори на кои треба да се обрне внимание, како формата, распоредот, суспензиите. Тоа што Барса е со нас во група е фантастично. Тоа е натпревар кој ќе не натера да го дадеме најдоброто од себе. Сигурен сум дека и Барселона не е среќна што ќе игра против Интер“, заклучи Конте.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо после големиот јубилеј: Не бркам рекорди, тие ме бркаат мене (фото)

Фудбалерите на Португалија синоќа беа поразени во гости против Украина со 2:1, а натпревар…