Дома Фудбал Останато Касано: Роналдо не знае да игра фудбал

Касано: Роналдо не знае да игра фудбал

Антонио Касано е познат по тоа дека нема влакна на јазикот и по своите контроверзни изјави, а сега повторно крена прашина со својата изјава за Кристиано Роналдо.

Познато е дека Касано е голем фан на Лео Меси, а за Роналдо тврди дека не знае да игра фудбал.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Роналдо не знае да игра фудбал. Може да постигне три илјади гола, ме боли к.р! Игуаин, Агуеро, Бензема, Левандовски, Ибрахимовиќ и Суарез знаеја како да ја поврзат играта на својот тим. Знаеја многу работи, за разлика од Кристиано Роналдо, чија единствена цел отсекогаш била да постигне гол“, изјави Касано.

 Португалецот неодамна го постигна 900. гол во кариерата, но за Касано тоа не е добар показател.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса загрижена поради Араухо – замената пристигнува веќе на зима!?

Роналд Араухо поминува низ најтешкиот период во својата кариера. Уругваецот побара од Барс…