
Фудбалската федерација на Иран ќе поднесе официјална жалба до Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) поради ограничувањата за патување со кои се соочува на Светското првенство, пренесоа денес британските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иранскиот тим доби дозвола да лета во Соединетите Американски Држави, кои заедно со Канада и Мексико се организатори на Мундијалот, еден ден пред и мора да ја напушти земјата истиот ден кога ќе заврши натпреварот.
Ова доведе селекторот на Иран, Амир Галеној, по нерешениот резултат со Нов Зеланд (2:2) во Лос Анџелес, на отворањето на шампионатот, да изјави дека неговиот тим е „најугнетуван“ на турнирот.
Фудбалската федерација на Иран во известувањето наведе дека ограничувањата со кои се соочуваат „се спротивни на принципот на обезбедување на еднакви услови за сите тимови-учесници и дека можат негативно да влијаат на процесот на подготовки на тимот“, пренесува Би-Би-Си (BBC).
„Согласно тоа, Федерацијата ќе го изрази своето незадоволство формално и ќе поднесе официјална жалба до ФИФА преку соодветните канали“, стои во известувањето.