Македонската репрезентација во традиционално карате со 12 медали го завршија настапот на Европското првенство во Крањска Гора, Словенија.
Репрезентацијата во традиоционално карате во Крањска Гора се закити со седум златни, две сребрени и три бронзени медали.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Дејан Недев, во сениорска конкуренција, освои две златна, во ката и во кумите, Јадранка Недева стана европски шампион во фукуго, а освои и бронзен медал во кумите, додека Матеј Ангеловски се закити со среброво кого-кумите.
Во младинска конкуренција, Ивона Лаушевиќ го освои третото место во кого-кумите, а со злато се закити женскиот ката-тим. Берта Милевска освои бронза во кого-кумите, додека во кадетска конкуренција блескаше Мила Саздова која освои три златни медали, во ката, фукуго и во кумите.