Дома Македонски спорт Калин се врати на најдобриот ранкиг во кариерата!

Калин се врати на најдобриот ранкиг во кариерата!

Калин Ивановски и третпат во својата кариера се наоѓа на 305.то место на АТП листата што воедно е и негов најдобар ранг во кариерата.

Македонскиот тенисер ваквиот напредок и скок од 18 места го направи со победите во квалификациите и настапот на главниот турнир на Челинџерот во Јокохама и на денешеното рангирање има 10 поени повеќе (од претходното рангирање) или вкупно 174.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Од другите македонски тенисери Горазд Србљак, кој изминатиов период имаше настапи на фјучрси во Грција забележа пад за седум места и се наоѓа на 1047.то место со 10 поени (без промена), додека Обрад Марковски е 1463.ти со три поени и скок од две места.

Во конкуренција на двојки македонските тенисери немаат промени во освоените поени. Ивановски се наоѓа на 648.то место (скок две места) со 75 поени, Берк Бугариќ е на 1341.то место (скок шест позиции) со 16 поени, Марковски е на 1466.то место (скок за пет места) – 13 поени, додека Елдин Хусеиновиќ е на 2104.то место со 3 поени (пад за четири места).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Наполи

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…