Дома Останати Тенис Ивановски го победи Орлов и го освои турнирот во Скопје!

Ивановски го победи Орлов и го освои турнирот во Скопје!

Македонскиот тенисер Калин Ивановски продолжува со одличните настапи и ја потврди добрата форма со освојувањето на титулата на турнирот „Македонија опен“, кој се одржа во Скопје.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во финалето, Ивановски го совлада Украинецот Орлов со 2:1 во сетови, по возбудлив меч со големи пресврти. Македонскиот тенисер доминираше во првиот сет, кој го доби убедливо со 6:1, дозволувајќи му на противникот да освои само еден гем.

Во вториот сет следуваше целосно поинаква слика. Орлов ја презеде иницијативата и со максимални 6:0 го израмни резултатот во сетови, оставајќи го Ивановски без освоен гем.

Сепак, во решавачкиот трет сет, Калин повторно го пронајде својот ритам. Поттикнат и од поддршката од трибините, одигра сигурно во клучните моменти и со 6:2 стигна до победата и трофејот пред домашната публика.

Ова е уште еден значаен успех за македонскиот тенис, откако ден претходно титулата во конкуренција на двојки ја освоија Обрад Марковски и Горзад Србљак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ивановски ќе игра за титула на турнирот во Скопје

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди место во финалето на турнирот во Скопје, отк…