Дома Фудбал Етан Мбапе заработи исклучување откако удри со лакот противник

Етан Мбапе заработи исклучување откако удри со лакот противник

ЛИЛ и БЕТИС одиграа натпревар во Франција во рамките на првото коло од Лигата на шампионите, каде Бетис славеше со 2:3. За францускиот тим голови постигнаа Ајасе Уеда (12′) и Алекссандро (36′), додека шпанскиот тим го обезбеди победата со погодоци од Марк Бартра (33′ и 49′) и Трој Парот (53′).

Во 56. минута, додека Бетис имаше водство, Лил остана со играч помалку. Етан Мбапе (19), кој игра како крилен напаѓач и е помлад брат на познатиот Килијан (27), доби директен црвен картон.

Фудбалер на Бетис започна вербална размена со Етан, а откако го допре по рамото, Мбапе возврати со удар во лицето. Главниот судија на натпреварот, Георги Кабаков, ја прегледа видео снимката и го исклучи Етан со црвен картон. Снимката од инцидентот можете да ја погледнете ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок и страв во Лигата на шампиони: Младиот талент на Борусија се сруши на теренот и заврши во болница

Првиот настап на Борусија Дортмунд во актуелната сезона на Лигата на шампиони против Виљар…