Дома Македонски спорт Каде би можел Ристовски по Спортинг? Два клуба се фаворити

Каде би можел Ристовски по Спортинг? Два клуба се фаворити

Заменик капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски многу брзо би можел да го напушти Спортинг.

Како што пренесуваат португалските медиуми, Ристовски е отстранет од првиот тим поради конфликт со тренерот Рубен Аморим и може да си замине од Спортинг во овој преоден рок.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во медиумите се шпекулира за неколку причини зошто дошло поради несогласување. Наводно македонскиот фудбалер не бил задоволен затоа што не се нашол во комбинација за последниот натпревар со Спортинг против Пакош Фереира.

Веќе пристигнаа најавите и за тоа во кој клуб би можел да ја продолжи кариерата. Ваљадолид и Бешикташ се екипите кои најмногу се споменуваат, но се шпекулира и за Парма каде што Ристовски играше претходно.

Пред неколку недели Ристовски се поврзуваше и со германски Волфсбург, па и овој клуб сигурно дека ако е заинтересиран за македонскиот фудбалер ќе ја следи ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…