Дома Фудбал Останато Италија со Балотели против Македонија

Италија со Балотели против Македонија

Роберто Манчини ќе го повика Марио Балотели во националниот тим, за бараж натпреварите, за пласман на Светското првенство во Катар. 

Балотели го одигра последниот меч за „аѕурите“ пред три години, а сега повторно ќе има шанса да го облече дресот на Италија.

Манчини планира да му даде уште една шанса и да го повика на подготовките кои ќе се одржат во следните недели за натпреварот против Македонија во баражот за Светското првенство.

Балотели има одлична сезона во Адана, каде до сега на 20 натпревари запиша осум гола и четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нереди во Париз: Навивачи на Ливерпул без влезница се обидувале да влезат на стадионот! 🎥

Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид не започна во 21 часот како…