Италијанските гиганти Милан и Јувентус се заинтересирани за белгискиот репрезентативец и ѕвезда на Лестер, Јури Тилеманс.




Тилеманс ова лето беше желба на Арсенал и Манчестер Јунајтед, но на крајот остана во Лестер.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Меѓутоа, Белгиецот влезе во последната година од договорот и одби да ја продолжи сораборката, па на лето сигурно ќе замине како слободен агент.




Поради тоа Тилеманс е голема желба на италијанските клубови кои сакаат да го донесат без обештетување и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.




Меѓутоа, ќе треба да ја победат конкуренцијата од англиските клубови кои не се откажуваат од Белгиецот.