Плејмејкерот на Лестер, Јури Тилеманс ќе го напушти клубот како слободен агент и веќе започна битката за неговиот потпис.
Еден од клубовите кои покажуваат сериозен интерес за Белгиецот е и италијанскиот гигант Милан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Новиот спортски директор Монкада е голем симпатизер на квалитетите на Тилеманс и сака да го донесе на „Сан Сиро“ без обештетување.
Тиленас минатото лето беше на мета на Барселона, Арсенал и Манчестер Јунајтед, но после просечната сезона интересот на овие клубови не е така силен.
Поради тоа голема е веројатноста Белгиецот да се пресели во Серија А, каде покрај Милан силен интерес за него покажува и Рома.