Дома Фудбал Италија Италијаните одлучија: Ќе има плеј-оф ако сезоната пак се прекине поради корона!

Италијаните одлучија: Ќе има плеј-оф ако сезоната пак се прекине поради корона!

Во Италија донеле одлука ако Серија А продолжи, па повторно се прекине поради коронавирусот ќе биде завршена со плеј-оф и плеј-аут.

Оваа одлука била донесена на денешниот состанок на Националниот одбор од каде што пристигна информација дека крајниот рок за завршување на Серија А е продолжен до 20. август и дека новата сезона ќе започне на 1. септември.

Форматот плеј-оф и плеј-аут е опишан како кратка фаза во борбата за шампион и борбата за опстанок.

Во случај натпреварувањето целосно да се откаже се пренесува дека табелата ќе се дефинира по објективниот коефициент на корекција.

За крај само се додава дека клубовите во Италија од минатата недела тренираат по индивидуални програми, а од пчетокот на оваа дозволени се групни тренинзи.

Јувентус е актуелен лидер на табелата со еден бод повеќе од Лацио.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Харгривс: Вернер ќе ја грее клупата во Ливерпул

Раководството на Ливерпул веќе подолго време работи на трансферот на напаѓачот на Лајпциг,…