Дома Фудбал Италија Интер и Наполи добија нови тренери!

Интер и Наполи добија нови тренери!

Тренерската лудница во Италија продолжува, а нови тренери добија Интер и Наполи.

Двата тима останаа без тренери пред неколку дена. Антонио Конте го напушти Интер, а Наполи се раздели со Џенаро Гатузо после разочарувачката сезона.

Реномираните италијански новинари Фабрицио Романо и Ди Марцио синоќа објавија дека двата великани добиле нови тренери.

Нов тренер на актуелниот првак ќе биде поранешниот тренер на Лацио, Симоне Инзаги, кој во наредните две сезони ќе го предводи овој тим. Наскоро ќе биде и официјално претставен и ќе бидат познати деталите од договорот.

Од друга страна Наполи го превзема уште едно добро познато име. Тоа е искусниот Спалети кој постигна договор со претседателот на тимот Де Лаурентис.

Спалети со Наполи постигнал договор до 2023. година и ќе го предводи овој тим во наредните две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меч со големиот фаворит: Македонија го завршува ЕП против Данска

Репрезентацијата на Македонија денес го игра последниот натпревар на ова Европското првенс…