Дома Трансфер зона Интер го договори трансферот на Аслани

Интер го договори трансферот на Аслани

Интер е пред реализација на трансферот на албанскиот репрезентативец, Кристиан Аслани, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


20-годишниот плејмејкер одигра одлична сезона во Емполи и се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Серија А.

За него силен интерес покажуваа уште Милан, Рома и Њукасл, но Интер ја победи конкуренцијата.

Новинарот Фабрицио Романо потврди дека „нероаѕурите“ постигнале договор со Емполи за трансфер вреден 14 милиони евра.

Аслани наредните денови ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи и ќе стави потпис на 5-годишен договор со Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…