Дома Фудбал Италија Имобиле потврди: Го барал клуб од Премиер лигата, сакале и италијански тренер

Имобиле потврди: Го барал клуб од Премиер лигата, сакале и италијански тренер

Голгетерот на Лацио, Чиро Имобиле за себе ја има најдобрата сезона во кариерата. Имобиле одигра фантастична сезона и ја освои „Златната копачка“.

Во медиумите многу се шпекулираше за неговата иднина и интересот од европските клубови, а сега тој потврди дека во моментите кога се зборувало за продажба на Њукасл на шеиците премиерлигашот го контактирал.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Кога се зборуваше за можната продажба на Њукасл на шеикот тие го контактираа мојот агент. Потоа Премиер лигата не го прифати нивниот предлог или тие се повлекоа, не знам што се случи. Знам дека бараа и италијански, Алегри или Спалети. Очекувам повторно да ме побараат, меѓутоа настојувам да останам во Лацио“, изјави Имобиле.

Ќе потсетиме после проблемите кои се појавија саудискиот конзорциум преку соопштение се откажа од намерата да го купи клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легендарниот Тата Мартино се врати на местото на успехот!

МЛС клубот Атланта повторно го ангажираше Херардо “Тата” Мартинo како тренер, …