Дома Фудбал Лукаку по голот за Белгија го имитираше Трамп со неговиот танц (Видео)

Лукаку по голот за Белгија го имитираше Трамп со неговиот танц (Видео)

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку се потруди да остави силен впечаток на синоќешниот натпревар на неговата репрезентација против САД во осминафиналето на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Црвените Ѓаволи” им одржаа вистинска фудбалска лекција на САД во Сиетл, победувајќи со убедливи 4:1 и со стил се пласираа во четвртфиналето, каде што ќе се соочат со Шпанија.

Искуствениот напаѓач влета во игра во 67-мата минута и во судиското продолжение ги запечати надежите на САД. Неговата прослава по голот стана вирална поради имитирањето на Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави.

Причина за ваквата прослава секако е одлуката пред натпреварот да се поништи суспензијата на американскиот напаѓач Флориан Балогун кој доби црвен картон против БиХ и според правилата требаше да го пропушти натпреварот со Белгија.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар по девет години се враќа во квалификациите за ЛШ, противник во Скопје е КуПС!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, денеска по пауза од девет години се враќа…