Дома Фудбал Њукасл потпиша напаѓач на 30 секунди пред крајот на преодниот рок

Њукасл потпиша напаѓач на 30 секунди пред крајот на преодниот рок

Финишот на преодниот рок беше особено возбудлив за Њукасл кој буквално во фото финиш го заврши трансферот на напаѓачот Жоан Виса.

Виса пристигна од Брентфорд како дополнителна опција во нападот откако клубот, малку порано, го собори клупскиот рекорд со трансферот на Ник Волтемаде од Штутгарт за 85 милиони.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Двајцата ќе имаат задача да го надоместат заминувањето на во Ливерпул за 150 милиони евра.

Повеќе од третина од тие пари Њукасл ги оддели за Виса (58 милиони) меѓутоа тој трансфер речиси пропадна поради невнимание на самиот играч, затоа што не потпиша на еден од документите од договорот.

Драмата се појави буквално од никаде.

Како што откри “Sky Sports”, поради пропустот на Конгоанецот, еден од неговите агенти буквално мораше да трча до тренинг центарот на Њукасл, со документот во раце, за да го најде Виса и да го добие неговиот потпис на преостанатиот документ.

Без потписот на Конгоанецот, Премиер лигата нема да даде “зелено светло” за трансферот.

Конечно, потписот беше заверен во 20:59 – триесет секунди пред затворањето на трансферниот рок.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн во првиот полуфинален меч во ЛШ ќе биде без тренер – ова е причината!

Тренерот на Баерн, Венсан Компани, ќе го пропушти првиот натпревар од полуфиналето на Лига…