Дома Фудбал Вардар по девет години се враќа во квалификациите за ЛШ, противник во Скопје е КуПС!

Вардар по девет години се враќа во квалификациите за ЛШ, противник во Скопје е КуПС!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, денеска по пауза од девет години се враќа во квалификациите од Лигата на шампионите, а противник на „црвено-црните“ ќе им биде фински КуПС.

КуПС е незгоден противник и сериозен ривал, па задачата на вардарци сигурно нема да биде лесна. Освен тоа тие се веќе и во натпреварувачки ритам бидејќи сезоната во Финска е почната.

Одредена предност за Вардар можеби да биде потенцијалното топло време на кое Финците не се навикнати, сепак стратегот на КуПС, Мика Нутинен на вчерашната прес-конференција потенцираше дека не очекува тоа да му биде проблем. Исто така тој порача и дека позитивен резултат за нив денеска е само победа.

Од друга страна Кристијан Фабијани на клупата на Вардар истакна дека неговата екипа е подгтовена за предизвикот, иако сè уште не е на 100% од своите можности.

„Ќе се соочиме со тим кој е во натпреварувачка форма, игра одлично и знаат да играат со топка. Ние ќе се обидеме да ги притиснеме на нивната половина и да одиграме најдобро што можеме. Екипата е спремна, на терен ќе излезе тој што е најмногу подготвен“, изјави Фабијани.

Натпреварот на арената „Тодор Проески“ е закажан за во терминот од 19:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Падна договор: Ливаковиќ ќе потпише за Барселона!

Доминик Ливаковиќ наскоро ќе стане нов член на Барселона. Каталонскиот гигант постигна усе…