Дома Фудбал Селекторот на Белгија откри што му кажа Балогун по натпреварот

Селекторот на Белгија откри што му кажа Балогун по натпреварот

Селекторот на Белгија, Руди Гарсија, откри интересен детал по победата на неговата репрезентација против Соединетите Американски Држави и пласманот во четвртфиналето на Светското првенство.

Во центарот на вниманието повторно беше Фоларин Балогун, напаѓачот на американската репрезентација, чиј настап против Белгија предизвика бројни полемики откако му беше укината суспензијата поради заработениот црвен картон во натпреварот против Босна и Херцеговина.

Гарсија по натпреварот откри дека Балогун веднаш по завршувањето на натпреварот му се обратил за да разговара со него.

„Ме пријде да поразговараме. Навистина ми се допадна тоа. Му реков дека не е негова вина и дека тој не е личноста која треба да се обвини. Го ценам неговото намерно решение да ми се обрати“, кажа тој.

Белгискиот селектор нагласи дека контроверзната одлука на ФИФА не влијаела врз подготовките на неговиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…