Дома Фудбал Колина жестоко му одговори на Трамп!

Колина жестоко му одговори на Трамп!

Соединетите Американски Држави не успеаја да постигнат успех и покрај одлуката да се поништи црвениот картон на еден од нивните најдобри играчи, а ниту моќниот Доналд Трамп не можеше да го запре крајот на американските соништа на овогодишното Светско првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ФИФА изрази целосна поддршка за бразилскиот судија Рафаел Клаус откако претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп го доведе во прашање неговиот интегритет поради црвениот картон покажан на американскиот напаѓач Фоларин Балогун, што предизвика контроверзи на Светското првенство.

ФИФА, предводена од претседателот на судискиот комитет, Пјерлуиџи Колина, сега се огласи.

„ФИФА го признава Рафаел Клаус како еден од водечките светски професионални судии и вреден член на Тимот Еден – елитната група судии на ФИФА – на Светското првенство во фудбал“, наведува ФИФА во своето соопштение.

„Во текот на својата кариера, постојано ги покажуваше највисоките стандарди на професионалност и интегритет“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фиго збесна по дебаклот на Португалија: Ја уништи златната генерација!

Легендарниот португалски фудбалер Луиш Фиго не штедеше зборови по елиминацијата на Португа…