Дома Фудбал Покетино после дебаклот: Јас сум главниот виновник

Покетино после дебаклот: Јас сум главниот виновник

Фудбалерите на САД беа елиминирани од Светското првенство откако во осминафиналето загубија од Белгија со резултат 4:1. Единствениот гол за американскиот тим го постигна Малик Тилман, додека за Белгија стрелаа два пати Чарлс Де Кетеларе, Ханс Ванакен и Ромелу Лукаку. Натпреварот го коментираше селекторот на САД, Маурицио Покетино.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Од самото отворање на натпреварот се забележа дека не сме во ритам. Всушност, никогаш не влеговме полно во играта. Дури и кога израмнивме на 1:1, веднаш примивме гол во следната акција. Од самиот почеток беше навистина комплицирано. Честитки до Белгија, беа подобар тим од нас. Денот не ни беше наклонет. Не сакам да барам изговори, едноставно, не игравме на ниво какво што оваа екипа знае да покаже и тоа е вистината,” изјави аргентинецот, додавајќи:

“Потребно е да учиме од ова искуство. Ова е процес на учење и анализа на натпреварот, за да разбереме зошто не пристапивме на ист начин како што го правевме тоа на останатите натпревари на Светското првенство. Причините може да се различни, а можеби објаснувањето е многу едноставно: денот не ни беше наклонет, ни како тим, ни индивидуално. Јас сум главен виновник. Мораме да ја анализираме целата ситуација; ова не беше играта, ниту настапот што вообичаено го имаме.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Белгија му се потсмева на Трамп. Лукаку со потег на претседателот го одбележа голот

Белгија ги победи Соединетите Американски Држави со резултат 4:1 во најконтроверзниот натп…