Дома Фудбал Роналдо сам се пофали: Пред Кристијано оваа репрезентација ништо немаше освоено

Роналдо сам се пофали: Пред Кристијано оваа репрезентација ништо немаше освоено

Кристијано Роналдо изјави по поразот од Шпанија дека пред неговото доаѓање, Португалија не освоила ништо, а дека Европското првенство за него има иста важност како Светското првенство.

Фудбалската репрезентација на Португалија го заврши учеството на Светското првенство во Америка по поразот од селекцијата на Шпанија со 1:0 и за Роналдо ова беше последен натпревар на мундијалите.

– Играв за репрезентацијата 23 години и освоив три трофеја. Пред мене Португалија немаше освоено ништо. Европското првенство ми е најзначајно. Искрено, титулата од 2016 година за мене е од исто значење како Светското првенство – изјави Роналдо.

Повтори уште еднаш дека ова е неговото последно Светско првенство.

Жалам што вака се простувам од Светското првенство. Ја дадов мојата целосна посветеност. Направив сè што можев. Да, ова ми беше последното Светско првенство, но сега сакам да размислам за сè и да поминам време со семејството. Не сакам да носам избрзани одлуки. Не одлучувам под емоции. Сега не е најважно дали ќе продолжам да играм. Утре ќе имам чиста совест, животот продолжува“, додаде Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…