Дома Фудбал Роберто Мартинез веќе не е селектор на Португалија, познато кој ќе го наследи

Роберто Мартинез веќе не е селектор на Португалија, познато кој ќе го наследи

Роберто Мартинез повеќе не го води фудбалскиот состав на Португалија. Оваа одлука ја објави на конференција за медиумите по елиминацијата од Шпанија во четвртфиналето на Светското првенство.

Мартинез ја презеде функцијата селектор на почетокот на 2023 година, откако го наследи Фернандо Сантос по Светското првенство во Катар. Должноста ја извршуваше три и пол години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Ова претставува крај на еден циклус. Сега е важно Португалија да има нов селектор, и легитимно е претседателот да избере личност по своја желба. Благодарен сум за сета поддршка што ја добив”, изјави Мартинез.

Претседателот на Фудбалската федерација на Португалија, Педро Проенса, веќе го избра наследникот, а тоа е искусниот Хорхе Жезус, според извештајот на А Бола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо сам се пофали: Пред Кристијано оваа репрезентација ништо немаше освоено

Кристијано Роналдо изјави по поразот од Шпанија дека пред неговото доаѓање, Португалија не…